“Професор Мијалковиќ“ планира размени со домови во регионот
09.10.2014 15:57
| KumanovoNews
Ученици и вработени од Ученички дом „Професор Мијалковиќ“„ оваа учебна година ќе одат во посета на интернати во соседните држави.
Се планираат посети на интернати во Црна Гора, БИХ, Србија и Хрватска за да се види како тие функционираат.
“Ќе има меѓународни размени, ќе посетиме домови во Котор, Бар, Никшиќ за да видиме како таму се работи, кои се условите и она што може кај нас да се примени. Кај нас во домот има и народна кујна. Целта ни е да размениме искуства и тоа е во интерес на установата“ - вели Есад Шаботиќ, директор на “Професор Мијалковиќ“.