Мени

“Професор Мијалковиќ“ вработи двајца воспитувачи

18.07.2012 11:09 | KumanovoNews

Во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ двајца воспитувачи заминаа во пензија, по што на двајцата приправници кои се ангажирани до август договорите ќе им се трансформираат од определено на неопределено време.

“Професор Мијалковиќ“ вработи двајца воспитувачи

Интернатот од септември ќе има двајца нови воспитувачи.

За една воспитна група од 20 до 30 деца треба да има и еден воспитувач. Ние имаме четворица воспитувачи и тоа одговара на потребите бидејќи сместуваме по 90 деца. Испразнето ни е местото за секретар и воспитувачите ги обавуваат неговите обврски. Ние ќе бараме одобрение за ново вработување од Министерството за образование и наука. Ако ни дозволат тоа место ќе го пополниме - вели директорката Слободанка  Стојковска.

Порано во Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ работеле по шест воспитувачи, но тие не заминувале како технолошки вишок, туку работеле се до пензионирање, а и бројот на згрижени деца бил многу поголем од сегашниот.