Мени

Професори од “Киро Бурназ“ ќе обучуваат земјоделци

15.10.2012 07:45 | KumanovoNews

 Под мотото “Научи повеќе, заработи повеќе“, Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ во соработка со Здружение на земјоделски производители Куманово ќе организира обуки за земјоделци.

Професори од “Киро Бурназ“ ќе обучуваат земјоделци

Обуките ќе почнат кон крајот на месецов, а предавањата ќе ги држат професори од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

Ова ни е втор или трет циклус во рамки на проектот кој го работиме со Здружението на земјоделски производители и нивните членови. Активностите се финансирани од Норвешката Влада. Можат да дојдат сите заинтересирани, вработени и невработени луѓе. Целта на проектот е да се постигне работно оспособување. Учесниците ќе полагаат и ќе добија уверение кое е признаено од Агенцијата за вработување - вели Горан Јовановиќ, директор на “Киро Бурназ“.

Нако Николовски, претседател на Здружението на земјоделски производители вели дека е потребно да се оформи група од петнаесетина луѓе за да се почне со предавања. Фармерите ќе следат теоретски и практичен дел.

 Ќе учат за управување со механизација, шест теми за млекопроизводство ќе има и тие ќе се поминат за четири дена. Ќе научат како да менаџираат со фарма и да управуваат со отпад на фарма. Земјоделците на крај ќе полагаат и ќе добијат потврда со која се надеваме ќе им се олесни вработувањето - рече Николовски.

Обуките ќе се оддржат во просториите на Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ во Долно Којнаре.