Мени

Професори од Романија на гости во гимназијата

15.11.2010 16:28 | KumanovoNews

 Оваа е прва средба на професорите од Средното училиште Галати од Романија со професорите од кумановската гимназија.

Професори од Романија на гости во гимназијата

 Осумчлена делегација професори од Романија беа во тридневна посета на Гимназијата „Гоце Делчев„.Оваа е прва средба на професорите од Средното училиште Галати од Романија со професорите од кумановската гимназија. Целата е да се реализира заеднички проект за меѓусебна размена на ученици и професори од двете училишта.

Идејата е прво да се опфатат билингвалните паралелки, каде што се одвива наставата на француски јазик, а потоа проектот да се прошири со вклучување на сите останати. Нашата соработка ќе се одвива во повеќе области, а пред се во културата, за размена на искуства помеѓу професорите и учениците-изјави Михаела Калин професорка по француски јазик во училиштето Галати во Романија.

Еден од останатите цели на оваа средба беше и запознавањето на наставните проблеми и разменување на методи  и планови за работа во врска со основиот предмети во образованието во двете држави.

 Професорите од Романија имаа можност да се запознаат со знаменитостите на градот, а ја посетија и опсерваторијата Кокино, Крива Паланка и Скопје.