Мени

Пролетна дератизација на Куманово

05.06.2012 10:07 | KumanovoNews

Од утре ќе започне пролетната дератизација на Куманово.

Пролетна дератизација на Куманово

Акцијата ќе ја спроведат обучени екипи кои ќе постават мамки за стаорци во отворите од шахтите на канализационата мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода.

Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните, во случај да наидат на поставените мамки да не ги допираат- велат од локалната самоуправа.

Вториот третман дератизација ќе биде на крајот на септември.