Мени

Пролетта ги разбуди екологистите

22.03.2010 14:07 | KumanovoNews

Со доаѓање на пролетта, започнуваат и подготовките за еколошките акции. Вчера во ситео сновни и средни училишта, симболично беа засадени зимзелени садници во дворовите. Истовремено течат и подготовките за акцијата - Ден на дрвото - засади ја својата иднина.

Пролетта ги разбуди екологистите

Претходните акции беа доста масовни и успешни.Се надеваме дека И овој пат ќе засадиме голем број на садници. Овој пат ќе се пошумува во атарот на селата Бељаковце, Скачковце и Кучкарево. Се уште не е утврден точниот датум, но има најава дека ќе биде на 30 или 31.март. Воедно сакам да апелирам до граѓаните, особено до младите да се однесуваат совесно кон новозасадените дрвца, да не ги откорнуваат, зашто само така ќе можеме да помогнеме за по здрава и почиста околина - вели Бобан Бојковски, инспректор по животна средина.

 Денеска 22-март е и меѓународниот ден за заштита на водите.