Пролонгиран рокот за таксистите за пријавување испит по англиски
15.04.2015 12:50
| KumanovoNews
По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање испит по англиски јазик се пролонгира за 15 дена.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека таксистите ќе треба да поднесат барање за полагање до крајот на април. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта [email protected]. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат
М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта. Од 1 јануари 2017 година, таксистите ќе мора да имаат основно познавање на англиски јазик за да добијат лиценца за работа.