Мени

Променливото време создава главоболки

17.07.2010 12:22 | KumanovoNews

 Времето во текот на денот ќе биде сончево, додека попладне ќе има услови на нестабилност проследена со локален дожд и грмежи, особено во северо-источните делови, се наведува во информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи.

Променливото време создава главоболки

 Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во вечерните часови кај луѓето чувствителни на временски промени можно е да се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.