Промоција на две збирки од Фросина Ѓуревска
11.06.2015 09:39
| KumanovoNews
Во кафе бар “Галерија“ во сабота во 18 часот, Фросина Ѓуревска ќе ги промовира стихозбирките “Адеспотон“ и „13“.
“Адеспотон“ има 43, а “13“ има 37 песни пишувани во сличен стил. Се работи за готика и љубовни песни. На авторката ова и се дебитантски книги, а во подготовка и се уште три книги поезија и проза. Ѓуревска пишува поезија долги години и е член на клубот на книжевни творци “Симбиоза“ од Куманово. Двете збирки се збогатени со илустрации изработени од Ѓуревска.