Промоција на книга за деца
01.10.2014 08:17
| KumanovoNews
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата за деца “Ојле брада во животинска балада“ од Трајче Кацаров.
Книгата е добитник на книжевното признание “Струшко изгрејсонце“. Промотор ќе биде Марина Мијаковска, а стихови ќе чита актерката Кети Дончевска Илиќ.
Кацаров е роден во Штип на 14 септември 1959 година. Завршил Академија за филм и театар во Софија, Бугарија. Работи како драматург во театарот во Штип. Автор е на книгите: “Во подмишките на будилникот“ , “Го следите ли Хорхе“, “Дискретниот шарм на Кус де Ру“ , “Да не беше дождот“, “Сулиндари“, “Фалцот на змијата“ и други.