Промовиран проектот “Просветителите не обединуваат“
Во ОУ“Браќа Миладиновци“ денеска беше промовиран проектот “Просветителите не обединуваат“ на кој работеа деца од македонска, српска и ромска националност.
Во рамки на проектот кој траеше три месеци беа посетени ромски куќи, српска општина и библиотеката “Климент Охридски“ во Скопје. Целта е да се поттикне соживотот, да се намали дискриминацијата, а ромските деца да посетуваат настава. Претходно се направени четири работилници, а во проектот вклучени беа деца од второ до осмо одделение.
Целта беше децата што повеќе да истражуваат од различните етникуми. Се истражуваше за Свети Сава, за Кирил и Методи и нормално за ромската азбука. Ова е еден од низата проекти кои треба да следат. Децата треба да бидат еднакви, да имаат исти права на школување, да ги запознаат другите култури - изјави Милорад Јордановски, координатор на проектот.
Награди им беа доделени на децата кои победиле на литературен конкурс во повеќе категории. Активностите од проектот детално се опишани во списание кое училиштето го издаде. Проектот е поддржан од УСАИД и Фондација отворено општество - Македонија.