Мени

Промовирана енциклопедијата „Најздравите продукти на светот“

29.09.2012 08:27 | KumanovoNews

 Вчера попладне, во просториите на центарот за интерактивна медицина "Органика" беше промовирана енциклопедијата "Најздравите продукти на светот" од авторот Џорџ Мателјан.

Промовирана енциклопедијата „Најздравите продукти на светот“

Ова е прва и единствена енциклопедија што е преведена на македонски јазик и претставува водич за урамнотежена исхрана со попис на најздравите продукти, рецепти и совети за постигнување на нашето оптимално здравје.

Книгата содржи седум поглавја на органиката и претставува организатор за наш здрав начин на исхрана.

Книгата "Најздравите продукти на светот" ги претставува навистина најздравите продукти во вкупното прехранбено богатство и изготвува план за здрав начин на исхрана и готвење. Не подучува како да ги замениме традиционалните со нови готвења и како да го осознаеме здравјето на клетките и супстанциите кои ги внесуваме преку устата- изјави авторот Џорџ Мателјан  на промоцијата.

Оваа книга, заедно со прирачникот "Храна што е тоа?" од авторите Дарија Вранешиќ и Ива Алебиќ можете да ги најдете во просториите на единствената специјализирана продавница за здрава храна и природна козметика "Органика".