Прослава на Бајрам во училиштето во Слупчане
Децата од повеќе националности на 25 месецов ќе го прослават муслиманскиот празник Курбан Бајрам, во основното училиште “Фаик Коница“ во село Слупчане.
Прославата се организира во рамки на проектот „Безбедни училишта“ кој го реализираат СВР Куманово со помош на локалните самоуправи и ОБСЕ.
Продолжуваме со активноста “Празниците зближуваат“. Членови на училишните тимови за безбедност, родители, наставници, директори, ученици, претставници на установи на 25 септември ќе го одбележат Курбан Бајрам во ОУ„Фаик Коница“. Целта е запознавање, дружење, комуникација и градење на доверба. Ова ни е прв пат за верски празник да организираме прослава во училиште во Липково - вели Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција при СВР Куманово.
За Божиќ домаќин на прославата ќе биде Техничкото училиште „Наце Буѓони“.