Мени

Прославен денот на празот во Режановце

10.11.2012 15:49 | KumanovoNews

 Селото Режановце, денеска беше домаќин на втората културно-стопанската манифестација „Празијада„, на која се избра најквалитетен праз и највкусен специјалитет од праз.

Прославен денот на празот во Режановце

Денот на празот, како што го нарекоа домаќините, собра голем број на жители од Куманово и пошироко. Убавото време им одеше во прилог на организаторите, па посетителите имаа несекојдневна можност да пробаат вкусна храна и да уживаат во богата културно-уметничка програма. Организатор на манифестацијата е здружението „Еко-гард„ во соработка со месната зедница Режановце и општината Куманово.

Манифестацијата го положи испитот мината година, и сега одиме по организирано со помош на Општината . Целта е да ја сочуваме традицијата и обичаите од овој крај и мислам дека тоа веќе го постигнавме. Оваа година имаме многу производители на праз и повеќе жени учеснички, кои подготвија разновидни јадења од праз. Избираме најголем и најдебел праз во силна конкуренција- изјави Зоран Бојковски, претседател на Еко-Гард.  

За најквлитетен беше прогласен празот на Ацо Димковски од Речица, а како најдобри производители награди добија: Виктор Додевски од Режановце, Чезми Сејдиовски од Лопате и Воислав Димковски од Режановце.

На натпреварувањето во храна учествуваа над 50 жени од Табановце, Режановце, Речица и Облавце.

Прва награда за највусен зелник доби Даниела Цветановска од Горно Којнаре, втора беше Виолета Трајковиќ од Горно Којнаре и трета Стојанка Стојановиќ.

Марифетлукот е  во празот, тој го дава специфичниот и убав вкус. Другото е вообичаено, корите ги сукав, па потоа ги сушев кратко и ги собрав. Не се надевав на наградата, ми беше битно да учествувам, но пријатно сум изненадена што освоив награда - вели Цветановска.

На манифестацијата беа доделни и награди на учениците од подрачното основно училиште „Толи Зордумис„, кои учествувале на поетскиот и ликовен конкурс. Награди добија Ана Марија Герасовска, Милан Аврамовски, Дарко Димковски и Моника Димковска.

Присутните гости ги поздрави и градоначалникот Зоран Дамјановски.

- Ние направивме една манифестација, благодарение на домаќинките и луѓето кои живејат во овој регион и кои знаат да приготвуваат убави јадења од овој зеленчук, кој е препознатлив и многу здрав. Се надевам дека манифестацијата „Празијада„ ќе биде традиција и ќе го брендираме овој регион, како можност за стопански развој во овој дел на Балканот- изјави Дамјановски.

Домаќините во казан приготвуваа „режановска муќкалица„, прежено свинско месо, праз и суви пиперки, кои заедно со разните пити беа поделени на посетителите.

На манифестацијата присуствуваа и гости од Бања Лука, Горњи Милановац, Кампина Турција и Чорла Романија.