Мени

Протестираа пазарџиите на Зелениот пазар

01.03.2012 12:57 | KumanovoNews

  Тие деновиве добиле решенија во кои им било наложено да потпишат договор со УЈП, како трговци на зелен пазар, па врз основа на тоа ќе им се засмета паушален данок.

Протестираа пазарџиите на Зелениот пазар

Кумановските пазарџии денеска протестираа на Зелениот пазар поради тоа што УЈП бара да платат данок за дејноста со која се занимаваат. Тие деновиве добиле решенија во кои им било наложено да потпишат договор со УЈП, како трговци на зелен пазар, па врз основа на тоа ќе им се засмета паушален данок. Висината на паушалот и од 10 до 15 илјади денари.

Ако смета УЈП дека овде има приход од кој можат да се одвојат сретства и за нив нека повелат и нека го реализираат.Ние не можеме да опстанеме и немаме основни сретства за живот, погледнете само во какви услови работиме. Што сакаат нека ни прават, можат  да не носат во затвор, да ни пратат извршители, но да ни земаат пари нема од каде. Ние немаме платено вода и струја. Се договоривме никој да не го потпишува решението-Стојче Јакимовски.

Директорот на ЈП „Пазариште„ Фадиљ Шабани, ги повика пазарџиите да се враатат на работа и да ги отворат тезгите, бидејќи утре ќе се одржи состанок на групацијата на пазари, каде ќе се дискутира за настанатиот проблем.

Без разлика дали се тие во право или не, ние како јавно претпријатие зависиме од нив и затоа  сакаме им помогнеме и да ги упатиме да го надминат проблемот. Ние сме директно засегнати бидејќи и ние губиме во финасискиот дел и секојдневно трпиме загуба- изјави Шабани.

По негово барање дел од тезгите беа отворени, а останатите најавија дека ќе се вратат на работа дури откако ќе добијат согласност од УЈП да не ги оданочува за тезгите. Исходот ќе биде познат утре.