Мени

Прскање против комарци утре сабајле

04.06.2010 08:21 | KumanovoNews

Утре ќе се врши прскање од комарци на територијата на Општина Куманово. Доколку дозволат временските услови аерозапрашувањето ќе се одвива во периодот од 5 до 7 часот, во спротивно ќе биде пролонгирано за наредниот ден во истиот период.

Прскање против комарци утре сабајле

 Од особено значење се и временските прилики, бидејќи прскањето ќе нема ефект доколку времето е врнежливо, велат од Општината.

Истовремено се предупредуваат пчеларите да ги заштитат своите пчелни семјства во одреденото време.

Прскањето ќе го изведе фирмата „Бони-ер„ која го добила тендерот како најповолен понудувач.

 Годинава ова е прво аерозапрашување во градот, а во наредниот период се очекуваат уште неколку.