Мени

Прво па машко во Новата година

01.01.2010 14:22 | KumanovoNews

Првото бебе што се роди во Новата 2010 година во Куманово е машко. Се родило во 01.05 минути по полноќ, а тешко е 3 килограми и 600 грама, долго е 50 сантиметри.

Прво па машко во Новата година

Среќната мајка е Габриела Јордановска (27) на која ова и е второ дете.

Прекрасно се чуствувам. Бебето се уште нема име и чекаме на кумовите - рече мајката.

Градоначалникот Зоран Дамјановски ја посети мајката и новороденчето и им однесе новогодишни подароци.

Со златник му посакавме добредојде на најмладиот сограѓанин, а за мајката цвеќе. Сакаме да го одбележиме овој свечен момент за нивното семејство, но и за нашиот град. Ако се верува по обичаите годината ни почнува машки - рече Дамјановски.

Дежурната екипа на гинеколошкото одделение од кумановската болница вели дека новогодишната вечер поминала нормално.Во текот на новогодишноата ноќ се родило уште едно бебе, исто така машко.