Мени

Првомајски пикник на Студена вода

22.04.2010 11:38 | KumanovoNews

 Во месноста Студена Вода во селото Добрешане,невладините организации ќе организираат „Првомајски пикник“. Пикникот е замислен како општонародна веселба на која се поканети дувачки оркестри од Штип, богата културно-уметничка програма, натпреварување во традиционалните кумановски игри:  на зенгију, фрлање на камен од рамо и др.

Првомајски пикник на Студена вода

За сите заинтерсирани посетители, организаторите ќе обезбедат превоз, ручек, а ќе бидат поставени и шатори за продажба на храна.

Се очекува на манифестацијата да присуствуваат околу 5.000 луѓе поради што на пикникот ќе бидат поставени контејнери за смет, возило на прва помош, противпожарно возило и паркинг.

 Организатори на пикникот се 15 невладини здруженија, градоначалникот и локалнат самоуправа, м.з. Добрешане, АРМ, ССМ, ЈП „Чистота и Зеленило“, Црвен крст и неколку културно-уметнички друштва.