Мени

Пуштени првите количини вода

19.02.2012 13:43 | KumanovoNews

 Од пладне се пуштени првите количини вода од липковската акумулација до Филтер станицата. Според информацијата од надлежните,  водата е пуштена по интервенција на локалните власти до надлежните министерства во Владата

Пуштени првите количини вода

  Добиените количина на вода се дистрибуираат до граѓаните и во текот на попладнето водоснабдувањето до некаде ќе се нормализира.

Додека траеше состанокот со градоначалникот, советниците и двете претпријатија, пуштена е водата од Водостопанство кон Филтер станицата. Во моментот дотурот е некаде околу 163 литри во секунда вода. Водата веќе се дистрибуира и низ градот. Бидејќи повеќе од 12 часа немаше вода ќе бидат потребно дополнително време за нормализирање на состојбата. Прво вода ќе добие централното градско подрачје, а потоа и во повисоките зони- изјави директорот на Водовод, Виктор Божиновски.

Водата била сопрена синоќа во 21 часот, а двете водоснабдителни претпријатија меѓусебно си ја префрлаат вината кој ги затворил вентилите.


.