Работилница за безбедни училиштата
Техничкото училиште „Наце Буѓони“ вчера за своите ученици, кои посетуваат настава на македонски и албански јазик, организира работилница „Пат до безбедно училиште “, како дел од планираните активности од Планот за ненасилство во училиште за второ полугодие во учебната година.
На работилницата присуствуваа 43 ученика, а беше спроведена од службата и професорите во училиштето.
Цел на работилницата беше оспособување на избраните ученици – лидери за превенција од насилство во училиште. Беа опфатени содржини од следниве теми: комуникација, лидерство, примери од насилство во училиште и медијација.
Како резултат од работилницата од страна на учениците произлегоа низа предлози за надминување на насилство во училиште од кои дел ќе се реализираат во иднина.
По завршување на предвидената содржина од работилницата учениците имаа можност да се дружат на заедничкиот ручек и прошетка во природа во спортско-рекраетивниот центар Пелинце.
Овие активности се продолжение од проектот Безбедни училишта кој се реализираше во соработка со Секторот за превенција при МВР Куманово и ОПСЕ, кои присуствуваа на работилницата.