Мени

Работилница за осмислување на локална кампања

12.09.2014 09:55 | KumanovoNews

Во Младинскиот центар “Мулти Култи“ викендов ќе се одржи работилница за застапување и изработка на кампања за локални проблеми,  во организација на Центар за меѓукултурен дијалог и Национален младински совет.

Работилница за осмислување на локална кампања

“Обуката е отворена за сите млади луѓе заинтересирани за застапување, како изгледа да се формулира и направи една кампања. По завршувањето на обуката сите учесници ќе бидат поттикнaти и ќе им биде овозможено да се обидат да имплементираат своја кампања за застапување на тема која тие ќе ја дефинираат. На обуката ќе има околу 20 млади кои ќе работат во групи“ - изјави Матеј Маневски од ЦИД.

Вакви обуки дополнително ќе бидат организирани за младите во општините Липково и Старо Нагоричане.