Работодавците да аплицираат за ослободување од придонеси
15.04.2015 12:48
| KumanovoNews
Во Центарот за вработување Куманово, работодавците постојано можат да аплицираат за мерката за ослободување од плаќање на придонеси.
Доколку вработат активен барател на работа до 35 години, самохран родител, родител на повеќе деца, или долгорочно невработени лица од 35 до 50 години, над 50, над 58 години, работодавците ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси за период од 60 месеци или до пензионирање. Услов кој треба да го исполнуваат работодавците за да аплицираат е да не намалувале број на вработени и додека трае мерката не смејат да отпуштаат работници.
Оваа мерка ќе се спроведува една година.