Мени

Расадени се пиперките и доматите

28.05.2012 13:56 | KumanovoNews

 Во кумановско пиперот и доматот се расадени во фолии, а почнува и расадување на отворени површини. Следна култура која наскоро треба да се расадува е празот.

Расадени се пиперките и доматите

Во пластеници пиперките се со подобар квалитет, а и временските услови се добри за садење на отворено во бавчи. Врнежи има и не може да додје до брзо овенување на расадот. Кога се поставуваат пластеници се губи дел од земјоделската површина во просторот меѓу еден и друг пластеник- велат земјоделците.

Поголемо производство на квалитетни пиперки и домати има во селата Пчиња, Студена Бара, Речица, Опае, Романовце и други.