Расчистен дивиот пазар кај Спортска сала
Инспекциските служби со асистенција на полиција утрово го расчистиле \nпазарот на половни производи кај Спортска сала попознат како „бувљак“.
Од Секторот за инспекциски надзор претходно на продавачите им укажале дека веќе нема да можат да продаваат на оваа локација.
Локацијата е чиста. Нема ниту еден продавач на половна роба на овој простор. Трговците се предупредени дека не смеат да продаваат на локација која не е предвидена за таа намена и дека доколку продаваат ќе им биде одземена стоката и ќе бидат изречени прекршочни казни - изјави Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.
Продавачите ќе можат во четврток и недела своите производи да ги продаваат во близина на Добиточниот пазар во Долно Којнаре.
И во наредниот период ќе има акции за расчистување на нелегалните продавачи низ градот.