Раселените лица утре ќе го посетат Матејче
Утре се празнува Мала Богородица, а раселените лица од кумановско и годинава ќе ја посетат црквата во село Матејче.
Велат дека од 2001 година па наваму, редовно го посетуваат селото на овој верски празник, но сметаат дека црквата “Света Богородица“ треба да се заштити.
Црквата е во добра состојба, но конаците се оштетени од воените дејствија во 2001 година. Полицијата од таму е повлечена. Во МПЦ се запознаени со проблемот и мислам дека треба да се заштити овој сакрален храм. Утре многу луѓе кои потекнуваат од Матејче, но и верници од други села како Брњарци, Орланце, Раштак, Булачани доаѓаат. Ова не е организирана посета, туку секој со својата фамилија оди во селото - вели Радован Станојковиќ, раселен од Матејче.
На Мала Богородица во село Матејче има општонароден собир. Оваа црква датира од 1300 година, а се наоѓа на надморска височина од 1005 метри.