Распишан конкурс за средношколски есеи
02.05.2012 09:57
| KumanovoNews
Министерството за образование и наука во соработка со Делегацијата на Европската Унија и оваа година објавува конкурс за најдобар есеј.
Најдоцна до 31 мај сите средношколци можат свој есеј да достават во Министерството за образование на тема "Зошто е кул да си стар?„. Есеите треба да содржат над 800 збора. Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во Македонија.
Комисија од пет члена ќе ги избира најдобрите. За прво наградениот следува курс по странски јазик во некоја од земјите од Европската Унија. За второ и трето место ќе бидат доделени книги. Повеќе иформации заинтересираните можат да добијат во ЕУ Инфо центарот во Скопје.