Мени

Распишан конкурсот за средните училишта

04.04.2012 14:13 | KumanovoNews

 Вкупно 2146 слободни места има во кумановските и липковските средни училишта за упис во прва година за учебната 2012/2013 година.

Распишан конкурсот за средните училишта

Во Гимназија “Гоце Делчев” во прва година ќе се запишат 408 ученици во 12 паралелки, 11 паралелки со настава на македонски јазик и 1 паралелка со настава на српски јазик.

Гимназија “Сами Фрашери”, во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик.

Земјоделско училиште “Киро Бурназ” во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки, 10 паралелки со настава на македонски јазик и 4 паралелки со настава на албански јазик.

Екононско училиште “Перо Наков” ќе се запишат 646 ученици во 19 паралелки, 9 паралелки со настава на македонски јазик и 10 паралелки со настава на албански јазик.

Во Техничко училиште “Наце Буѓони” ќе се запишат 616 ученици во 19 паралелки, во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 10 паралелки со настава на албански јазик.

Средно општинско училиште “Исмет Јашари” ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик.

Во јунскиот уписен рок, планирано е да има две пријавувања за запишување.  Првото пријавување ќе се врши на 14 и 15 јуни, а второто пријавување ќе биде  на 27 и 28 јуни 2012 година. Во рамки на августовскиот уписен рок, слободните места ќе може да се пополнат  на 16 август 2012 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2012 година.