Распустот на учениците до понеделник
Министерството за образование и наука издаде препорака второто полугодие во сите основни и средни училишта да почне во понеделник, наместо во петок, поради екстремно ниски температури во државата.
Препораката се должи на голем број барања на градоначалници и директори на училишта во општините во кои овие денови е многу студено. Додадениот ден во зимскиот распуст учениците и наставниците ќе го одработат во април.
Ова беше разгледено на седница на Владата и со оваа препорака им излегуваме во пресрет на општините. Веруваме дека сите општини ќе донесат одлука за одложување на наставата од понеделник. Ова не можеме да го наметнеме и затоа даваме препорака, исто како што направивме и за превисоките температури на почетокот на учебната година, рече министерот Панче Кралев.