Мени

Расте бројот на заболени од карцином

06.06.2012 08:31 | KumanovoNews

Официјална статистика нема, но лекарите велат дека неделно може да се дијагностицираат и по три случаи на карцином.

Расте бројот на заболени од карцином

Радиолозите објаснуваат дека пациентите боледуваат од различни видови на карцином, но ракот на дојка е најзастапен. Повеќето пациенти се јавуваат во рана фаза.

Факторот не се знае кој е, дали загадена вода, воздух или нешто друго. Има жени со рак на дојка, но често се јавуваат и луѓе со рак на бели дробови, простата, бешика. Се жалат на главоболка, па испаѓа дека имаат тумор на мозок. Ние овде ја дијагностицираме болеста. Претходно тие луѓе оделе на прегледи кај специјалисти, уролози. Може во една седмица да откриеме три нови случаи, а може и на месец да има само еден, но впечатокот е дека канцерот зема се поголем замав - рече Славица Јакимовска, началник на работна единица радиодијагностика во општа болница Куманово.

Јакимовска вели дека граѓаните кои работат во Авганистан, бидејќи се зборува дека тоа подрачје е контаминирано, често доаѓаат на прегледи, но кај нив нема алармантно нарушување на здравјето. Во Авганистан работат 3000 луѓе, но во однос на целокупниот број на пациенти од Куманово, Кратово и Крива Паланка тие се незначителен процент. Радиолозите се жалат на лошите услови во кои работат и сметаат дека треба да им се обезбеди нов објект.