Мени

Разбојници ограбиле Авганистанец

26.08.2015 14:22 | KumanovoNews

Двајца маскирани разбојници синоќа кај селото Шупли Камен ограбиле Авганистанец.

Разбојници ограбиле Авганистанец

Разбојниците кои се движеле со мотор околу 18 часот со закана со пиштол го ограбиле С.А.(31) од Авганистан. Со рачката од пиштолот го удриле по главата, по што му го земале ранецот во кој имало 1200 евра и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.