Размена на земјиште доделено во постапка на окрупнување
09.09.2014 08:33
| KumanovoNews
Сите земјоделци кои користат државно земјиште кое им е доделено во постапка на окрупнување до 27 ноември можат да поднесат барање до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за склучување на договор за размена.
Во перидот кога се формирале големи земјоделски блокови, дел од земјоделците отстапиле ниви и добиле земја на друга локација за која не поседуваат документи. Со склучување на договори за размена ќе се решат децениските проблеми и ќе се регулираат имотно - правните односи на парцелите кои земјоделците ги обработуваат повеќе од 20 години, а тие се водат како државно земјиште.
Заедно со барањето треба да се достави изјава заверена на нотар, имотен лист и геодетски елаборат.