Мени

Редовно се проверува квалитетот на млекото

04.08.2012 08:20 | KumanovoNews

 За свои лични потреби производителите на млеко во Ветеринарната станица во Куманово прават анализи за да ја проверат масленоста и присуството на бактерии.

Редовно се проверува квалитетот на млекото

Луѓето кои млекото го предаваат на откупувачи, имаат направено анализи, но ако се сомневаат во веродостојноста на тие податоци, се обраќаат кај нас за да ја проверат масленоста. Се проверува процентот на вода и суви материи присутни во млекото. Ако добитокот е болен , тогаш млекото лесно се расипува и потребно е да се даваат соодветни антибиотици на стоката - велат ветеринарите.

Производителите кои ги затекнавме во Ветеринарната станица објаснуваат дека најмалку еднаш годишно прават анализа на млекото за да бидат сигурни дека е добро да го преработуваат, продаваат и конзумираат.