Мени

Регионален натпревар по сообраќај

08.05.2010 16:06 | KumanovoNews

 Основното училиште „Толи Зордумис„ беше домаќин на Регионалниот натпревар по сообраќајна култура за основци-Детски Семафор и за средношколци Сообраќајно техничка култура.

Регионален натпревар по сообраќај

 Натперварот го реализира Републичкиот совет за безбедност по сообраќајот во соработка со полицијата и училиштата. Учесниците решаваа тестови на одбележан полигон возеа велосипед и велосипед со мотор.

Оваа манифестација е традиционална и се релизира со цел децата и младите да ја развијат свеста безбедноста и да ги почитуваат правилата за однесувње во сообраќајот.Задоволни сме од резултатите на тестовите, а особено од профеесорите кои работеа со учениците. Оваа говори дека ќе имаме совесни индивудуи, кои прописно ќе учествуваат во сообраќајот - вели Виолета Богадоновска од Секторот за превенција при СВР-Куманово.

На Државниот натпервар кој ќе се одржи во Скопје на Детски семафор ќе се натпреварува екипата на ОУ„Браќа Миладиновци„  од Куманово. На натпреварувањето за средношколци ќе учестуваат тројцата прво пласирани ученици: Филип Ѓорѓиевски од Земјоделското училиште „Киро Бурназ„ и Стефан Петковски и Марио Вуковиќ од Техничкото училиште „Наце Буѓони„.