Регионални тела ќе вршат надзор на депониите
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, денеска присуствуваше на редовната седница на Советот за развој на североисточниот плански регион, каде со градоначалниците на шестте општини расправаа за формирање на регионални тела за управување со цврст отпад.
Проблемите со цврст отпад регионите можат да ги решат со јавно-приватно партнерство или преку прокетите на ИПА фондовите. Североисточниот регион ќе го работи преку ИПА проекти, и веќе се реализира проект за зајакнување на капацитетите. За да продолжи овој процес мора да се формираат регионалните тела за справување со цврст отпад. Ваквото тело ќе може да функционира во просториите на Североисточниот плански регион, бидејќи се обезбдени сретства и луѓе. Ова е битно прашање не само за општините туку и државата- рече министерот.
Телата ќе бидат надзор на концесионерите како управуваат со депониите. Само општината Старо Нагоричане од шесте општини во регионот не донела одлука на Совет за формирање на регионално тело за справување со цврст отпад, бидејќи се противи на предлозоите во нивната општина да биде сместена депонијата.