Мени

Реновирани тоалетите во “Браќа Рибар“ во Табановце

10.09.2014 08:24 | KumanovoNews

Пред почетокот на учебната година реновирани се тоалетите во основното училиште “Браќа Рибар“ во село Табановце со средства од Министерство за образование.

Реновирани тоалетите во “Браќа Рибар“ во Табановце

Се работи за вкупно пет тоалети од кои четири се наменети за ученици и еден за наставници.

Претходно тоалетите беа во многу лоша состојба, напуштени. Ние аплициравме со проект до Министерството за образование и ги реновираа тоалетите. Внатре има нови плочки, лабавоа, казанчиња,  целата опрема е нова и сега изгледаат много подобро од претходно - вели директорката Светлана Стефановска.

Таа додава дека во училиштето старите прозорци треба да се замена со нови за што е потребна поголема инвестиција и не се знае кога истото ќе биде реализирано.

Во ова училиште се образуваат повеќе од сто деца.