Мени

Рибарите им објавија војна на рибокрадците

18.01.2012 16:00 | KumanovoNews

Со палење на над 50 рибарски мрежи, денеска рибарите од спортското-риболовно друштво „Пчиња„, симболично им објавија војна на рибокрадците.

Рибарите им објавија војна на рибокрадците

Мрежите се запленети во текот на минатат година во водите на реката Пчиња, а се уништија на Кејот на реката Кумановка.

Со денешното палење на мрежите сакавме да им објавиме војна на рибокрадците, да видат каде завршуваат нивните средства за криволов. Имаше 51 доста квалитетна мрежа и 10 сакови или помагала за ловење на риба- вели Бранислав Димковски, претседател на здружението „Пчиња„.

Најмногу рибокрадци има по течението на реката Пчиња во селата Шупљи Камен, Искрин мост, Бистрик, Пчиња и Студена Бара. Риболовците најавуваат активирање на рибиловната служба и поголема заштита на рибниот фонд во кумановските реки.