Мени

Риболовци ќе се натпреваруваат во Маврово

31.07.2012 08:09 | KumanovoNews

 По повод големиот празник Илинден, група од пет искусни риболовци членови на Спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе учествуваат на куп за рибарење на Мавровско езеро.

Риболовци ќе се натпреваруваат во Маврово

Тоа се искусни риболовци. Ќе видиме како ќе поминеме. Пред три години земавме второ место. Ние сме второ по големина друштво во државата по “Вардар“ од Скопје. После нас трети се риболовците од Велес, па зад нив според број на членови е друштвото од Битола - вели Бранислав Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Тој вели дека во моментов водостојот на реките е мал и се трудат да го намалат дивото ловење на риби.