Риболовците на државен натпревар во Охрид
14.05.2015 09:19
| KumanovoNews
Членови на риболовното друштво „Пчиња“, во недела ќе се натпреваруваат на државно риболовно првенство во првото коло во Охрид.
Четиричлената екипа од “Пчиња“ ќе се натпреварува во лов на јадица со пливка.
Некои посебни подготовки немаме, бидејќи се тоа работи кои ги знаат риболовците. Очекуваме добар пласман и да бидеме меѓу првите три екипи. Ќе учествуваат околу 13 екипи од цела Македонија - кажа Роберт Лазаревски, претседател на „Пчиња“.
Државното риболовно првенство го организира Риболовна федерација на Македонија.