Мени

Ромите ќе протестираат пред полицијата

18.04.2010 13:31 | KumanovoNews

 Под мотото „Детското срце слободно да чука„ утре ќе протестираат претставниците на ромските невладини организации и жителите на населбите Средорек и Бавчи.

Ромите ќе протестираат пред полицијата

Протестот ќе започне во населбата Средорек, а ќе заврши пред полицијата. Според организаторите, таму ќе остават цвеќе и ќе ги потсетат надлежните да вложат повеќе напор за да ги пронајдат исчезнатите деца Дани Мемети и Мирсада Хелдовиќ.