Мени

Само половина деца во Средорек се вакцинирани

30.04.2010 13:37 | KumanovoNews

 Половина од децата во кумановската населба Средорек не ги примиле редовните вакцини.Со оглед на хигиенските услови во кои живеат постои реална опасност од ширење на заразни болести.

Само половина деца во Средорек се вакцинирани

 Затоа последниот ден од Светската недела за имунизација и тие се вакцинираа во присуство на министерот за здравство Бујар Османи.

Дојдовме во Средорек, каде се вакцинирани само 50% од децата, што е значително помалку во однос на целокупната слика во Македонија, каде процентот на вакцинираните деца се движи помеѓу 95 и 98 проценти.Затоа сме тука да ги повикаме родителите да ги вакцинираат децата.Тенденција на министретвото е да станеме најдобри во регионот во однос на имунизацијата - рече министерот Османи.

Проблемот со невакцинирање на децата во Средорек е главно поради неодговорноста на родителите, но и поради немањето на лични документи на децата.

Марија Кишман од канцеларијата на Светската здравствена организација вели дека консултантите од регионалната канцеларија постојано се на терен и имаат увид во состојбата на Македонија во ремките на неделата на имунизацијата. Кишман побара  овој сектор да не се приватиизира,со што се сложува и министерот кој истакна дека не е предвидена приватизација на службата на вакцинација.

Што се однесува до состојбата со недостигот на лекови во некои аптеки, министерот Османи, рече дека инспекторите постојано се на терен и се чека на формулирање на конечниот извештај.Според,Османи ако е потребно ќе се менува и правилникот се со цел да не се почуствува недостиг од лекови."Нема да дозволиме да се вратиме во времето кога лекови имаше само до 10-ти во месецот"- вели министерот.

Според,Османи ако е потребно ќе се менува и правилникот се со цел да не се почуствува недостиг од лекови.Фондот донесе правилник со кој се утврдуваат критериумите за дистрибуција на лековите во аптеките,според кој значајна е бројката на вработените во аптеките и бројката на жителите.

Сепак, луѓето имаат навика да се снабдуваат со лекови од одредени аптеки.Ако е потребно ќе се изврши ревизија на правилникот со единстевна цел пациентите да не почуствуваат недостиг на лекови"- додава Османи.