Мени

“Самоуки 2012“ ќе гостува во Кратово

16.07.2012 10:38 | KumanovoNews

Во Националната установа Музеј на град Кратово ќе биде поставена изложба на слики “Самоуки 2012“. Кратовчани ќе можат да ги видат сликите кои претходно беа изложувани во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово.

“Самоуки 2012“ ќе гостува во Кратово

Ќе бидат презентирани дела од повеќе уметници меѓу кои се Марин Андоновиќ - Кушински, Јовица Ивановски, Душко Симакоски, Сања Пешиќ, Весна Симова, Миланка Гаревска, Живко Трајковски и други.

Изложбата се отвора утре во 12 часот напладне.