Мени

СДПМ бара еднаков третман на сите граѓани

16.12.2009 23:00 | KumanovoNews

Бараме да се изврши квалитетна промена на структурата на социјалната програма, бидејќи постојната која датира уште од деведесетите години ја изгуби својата цел и функција. Лицата кои се со статус на стечајни работници и технолошки вишок да се заштитат преку интервенција во постојниот закон.......

СДПМ бара еднаков третман на сите граѓани

Партијата за социјална правда(СДПМ) побара од центраната и локалната власт да преземат мерки за социјална и економска сигурност за сите граѓани во општината, како и еднакви можности при вработување, солидарност, хуманист и развој на демократските односи во општеството.

Бараме да се изврши квалитетна промена на структурата на социјалната програма, бидејќи постојната која датира уште од деведесетите години ја изгуби својата цел и функција. Лицата кои се со статус на стечајни работници и технолошки вишок да се заштитат преку интервенција во постојниот закон за вработување и матерјално да се обезбедат сите кои имаат 25 години работен стаж и 55 години возраст. Вработувањето да се врши според стручноста, компетентноста, способноста, а не со партиска книшка - рече претеседателот Бранко Арсовски.

Тој побара и измени во условите за пензионирање, како поголеми меркивои спречување на корупцијата и криминалот во државата.