СДСМ: Груевски и ВМРО - ДПМНЕ го кочат наставно - воспитниот процес
Од СДСМ денеска на прес - конференција обвинија дека премиерот Никола Груевски и ВМРО - ДПМНЕ тенденциозно го кочат наставно - воспитниот процес во Куманово со тоа што не даваат согласност за нови вработувања.
И покрај бројните укажувања на општина Куманово дека во училиштата имаат потреба од педагози, психолози, дефектолози, логопеди, Министерството за образование ги игнорира барањата и не дава согласност. Ваквото однесување се одразува директно на штета на децата. Второ, власта на ВМРО - ДПМНЕ за општина Куманово издвојува средства под минималното ниво за училишните објекти и инфраструктура. Поради доцнење на блок дотациите од Владата се создаваат проблеми при исплата на клучните потреби на училиштата, како што се обезбедување на енергенси за затоплување и бесплатниот ученички превоз - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.
Од партијата бараат власта сериозно да ги разгледа овие укажувања и да постапи одговорно.