СДСМ со честитка за Велигден
10.04.2015 11:12
| KumanovoNews
Социјалдемократскиот сојуз им го честита празникот Велигден – Христовото Воскресение, на сите граќани од православна вероисповед и на сите оние кои го празнуваат.
Во оваа време кога сите сме исправени пред еден предизвик, пред предизвикот на денешницата и проблемите со кои се соочуваме, сакаме да им порачаме на граѓаните дека овој празник треба да не поттикне на добрина, на простување и на обединување. Ви посакуваме добра мисла, хумани гестови, и отворено срце кон сите оние на кои им е потребна вашата помош или поддршка - стои во честитката од СДСМ.