Мени

Се аплицира за паричен надомест за средношколци

08.09.2012 08:35 | KumanovoNews

 Од 1 септември започна аплицирањето за добивање на условен паричен надомест за ученици во средно образование за учебната 2012 / 2013 година.

Се аплицира за паричен надомест за средношколци

 Од Центарот за социјална работи ги повикуваат сите корисници на социјална парична помош кои имаат ученици во средно образование, да пополнат барање и да достават потврда за редовноста на нивите деца кои посетуваат средно училиште.

Исплаќањето на условниот паричен надомест стартуваше во 2010 година со цел децата од загрозените семејства да имаат подобри услови во општественото живеење и да се надмине повеќе генерациската сиромаштија.