Мени

Се асфалтира патот во Тромеѓа

24.09.2010 09:21 | KumanovoNews

 Се реконструира патот низ селото Тромеѓа од м.в. „Село„ до м.в. „Сланиште„ во должина од 1100 метри.

Се асфалтира патот во Тромеѓа

Согласно програмата проектот чини 7.700.000 денари обезбедени од Буџетот. Моментно се работи на машински ископ на патот за кој постои изготвена техничка документација. Патот ќе биде завршен за 40 работни дена - вели Момчило Јовановски.

 Овој пат ќе ја подобри инфраструктурата во селото, откако предходно се поставила инсталација за фекалната канализација и водоводна мрежа. Работите ги изведува „Пелагонија-Инжинеринг„ од Скопје.