Се чекаат резултати од билингвалната матура
Матурантите од Гимназија “Гоце Делчев“ кои следат настава на француски јазик и полагаа матура на овој јазик до крајот на јуни ќе добијат резултати за постигнатиот успех.
Се полагаа три предмети и тоа литература, математика и географија на француски. Матурантите ќе добијат сертификати од Француската амбасада со кои без полагање ќе можат да се запишат на франкофонските факултети ширум светот. Оваа година билингвалното образование го завршуваат 24 матуранти. Според програмата, во текот на изминативе четири години тие стопроцентно го имаат совладано францускиот јазик.
Сите заинтересирани за овој втор по важност светски јазик, ќе можат да се запишат во билингвална паралелка без некое посебно тестирање, доволно е само да слушале француски во основно училиште.
Овој проект во кумановската гимназија за првпат е воведен во учебната 2000/2001 година.