Мени

Се чисти ѓубре од селата

09.08.2012 10:47 | KumanovoNews

 Надвор од својата редовна програма, а во интерес за почиста средина ЈП “Чистота и зеленило“ ги чисти кумановските села на барање на месните заедници.

Се чисти ѓубре од селата

Чистено е во селата Табановце, Четирце, во Горно Којнаре покрај црквата, во Агино село, во Лопате гробиштата. Неодамна го чистевме и делот кај чешмите во Проевце. Следно планираме да го чистиме селото Пчиња. За секоја акција ангажираме од 30 до 50 работници. Се чисти претежно машински со авто косачки, со телескопски пили за кастрење на дрва, камиони, трактори и возила за изнесување на смет - вели директорот Сашо Петрушевски.

Досега се спроведени 16 акции за чистење на споменатите локации. Екипите на “Чистота и зеленило“ работат и во сабота, а одредени места во градот како населба Гоце Делчев, булевар Октомвриска револуција, делот кај Симпо и Зелен Рид се чистат редовно.