Се чисти кај чешмите во Проевце
ЈП“Чистота и зеленило“ денеска започна акција за чистење на просторот околу двете јавни чешми во Проевце, каде кумановци полнат вода за пиење или се мијат поради лековитите својства на водата.
На терен работат дваесетина работници и механизација, се собира сметот, се коси тревата. Акцијата за чистење продолжува и утре.
Ова е надвор од нашата програма, меѓутоа даваме пример за понатаму државните органи да реагираат и да го оддржуваат и ревитализираат овој комплекс, а пред се просторот околу чешмите. Тие се од витално значење за град Куманово бидејќи ги користат огромен број наши сограѓани. Насекаде каде има потреба заради поубаво, почисто Куманово ние ќе дадеме свој придонес за да можеме со нашите активности да бидеме иницијатори за се задржи чистотата, убавината, уредувањето на прометните површини - рече Сашо Петрушевски, директор на ЈП“Чистота и зеленило“.
Граѓаните велат дека културата треба да биде на повисоко ниво и да не се фрлаат отпадоци.
Треба да се чисти ама кој да чисти? Ги украдоа и плочките. Се што ќе се направи сакаат да го уништат. Мислат дека тоа државно е, е не народот го купил и направил и треба да остане за нашите внуци - велат граѓаните.
Пред двете чешми на кумановска бања постојано има редици луѓе кои чекаат за да наполнат вода.