Мени

Се чисти коритото на река Кумановка

30.08.2012 10:23 | KumanovoNews

Kоритото на реката Кумановка се чисти во делот под супер маркет Туш.

Се чисти коритото на река Кумановка

Претходно речните корита беа во надлежност на државата, но со измените на Законот за комунални дејности направени во јули годинава, општините треба да ги чистат, оддржуваат речните корита во урбаните средини. Акцијата за чистење е поинтензивна во вечерните и утринските часови. Во овој дел од градот се собираат граѓани, и затоа ја покренавме иницијативата местото да биде добро одржувано, чисто. Има несовесни граѓани кои фрлаат смет во реката. Ние правиме контроли за да ја спречиме оваа појава - вели Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

За чистење на коритото на реката Кумановка се одвоени 3,5 милиони денари. Бидејќи Куманово интензивно се гради, инспекциските служби поднесуваат прекршочни пријави против оние кои фрлаат градежен шут на јавни површини.